Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) ОБЈАВЕН НОВ ТРЕЈЛЕР ЗА GTA 6: Џејсон и Лусија се вовлечени во опасна криминална приказна
„Рокстар гејмс“ објави нов трејлер за GTA 6 со Џејсон и Лусија. Играта пристигнува на PlayStation 5 и Xbox Series X/S на 19 ноември 2026 година.

Компанијата „Рокстар гејмс“ објави нов, официјален трејлер за долгоочекуваната видеоигра „Grand Theft Auto VI“, позната како GTA 6. Видеото трае околу 90 секунди и носи нови кадри од фиктивниот Вајс Сити и сојузната држава Леонида. Во центарот на приказната се Џејсон и Лусија, кои по неуспешен криминален потфат се наоѓаат во центарот на поширока завера и мораат да се потпрат еден на друг.
Нови кадри од Вајс Сити
Трејлерот прикажува акциони сцени и дополнителни детали за минатото на главните ликови, како и атмосферата во светот на играта. Материјалот е снимен на конзолата PlayStation 5, а видеото е придружено со нова музика од електронското дуо „Џастис“.
Премиерата за GTA 6 е закажана за 19 ноември
„GTA 6“ треба да биде објавена на 19 ноември 2026 година за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S. Новиот трејлер е објавен еден месец пред планираното излегување на играта и дополнително го зголеми интересот кај фановите на популарната серија.
