Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) СЕ ЗБУНИ СРПСКАТА АМБАСАДОРКА: Го измеша српското знаме со знамето на Холандија
Српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац, го бакна холандското знаме мислејќи дека е српско, а потоа крена три прста. Видеото предизвика реакции.

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, се најде во центарот на вниманието по необична ситуација на настан во Шпанија. На видеоснимката која се шири на социјалните мрежи се гледа како Шарац го бакнува холандското знаме, очигледно мислејќи дека пред неа се наоѓа српското. Веднаш потоа таа кон камерата покажува три прста. Снимката за кратко време предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а дел од корисниците ја критикуваа и исмеваа дипломатката. Случајот привлече внимание и поради фактот што Шарац е повеќе од една деценија дел од српската дипломатска служба. Таа во текот на кариерата работела и во Грција и Кина.
Снимката на српаската амбасадорка предизвика реакции
На видеото се гледа моментот кога амбасадорката го бакнува знамето, а потоа прави гест со три прста кон камерата. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика различни коментари од корисниците.
