Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД НАТО САМИТОТ: Најсилна Европа е онаа што живее во мир и демократија
Сиљановска-Давкова порача дека најсилна Европа е онаа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади на Самитот на НАТО во Анкара, порача дека силата на Алијансата не се мери само преку воените капацитети, туку и преку вредностите врз кои е изградена.
Таа истакна дека мотото „Посилна Европа, посилен НАТО“ треба да значи проширена, обединета и принципиелна Европа.
„Најсилна Европа е онаа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности“, порача Сиљановска-Давкова.
Според претседателката, иднината на Европа и евроатлантската заедница треба да се гради со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност кон мирот, стабилноста и безбедноста.
На Самитот во Анкара, македонската делегација учествува во разговорите за клучните прашања за иднината на Алијансата — зајакнување на колективната одбрана, инвестиции во одбранбените капацитети, поддршка за Украина, развој на одбранбената индустрија и регионални безбедносни предизвици.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски порача дека нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија, додека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имал активности поврзани со регионалните и европските прашања, соработката во НАТО и билатералните односи со партнерите.
