Скопје

(ВИДЕО) СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ: Силниот ветер корне покриви и носи сè пред себе

Силниот ветер корне покриви и носи сè пред себе. Апокалиптични видеа пристугнуваат до редакцијата на 24часа.

(ВИДЕО) СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ: Силниот ветер корне покриви и носи сè пред себе

Целосна апокалипса попладнево во Скопје, каде силен ветер предизвикува хаос низ повеќе делови од градот. Од силината на ветерот летаат покриви, гранки, предмети, кеси и ѓубре. На улиците се забележуваат скршени гранки и предмети разнесени од невремето. Силните налети претставуваат опасност за пешаците, возачите и паркираните автомобили. Граѓаните треба да бидат внимателни и да избегнуваат движење во близина на дрвја, покриви и нестабилни предмети. Невремето за кратко време создаде страшни сцени во главниот град. Засега нема целосни информации за обемот на предизвиканата материјална штета.

Апокалиптични видеа пристугнуваат до редакцијата на 24часа: