Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) СТУДЕНТИТЕ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА ВО АЛБАНИЈА: Протестите се шират низ земјата, се бара оставка од Рама

Студентските протести во Албанија ескалираа во судири со полицијата во Тирана, а незадоволството почна да се шири и надвор од главниот град. Демонстрантите бараат подобри услови за студирање, намалување на трошоците за образование и поголема финансиска поддршка. Дел од нив побараа и оставка од премиерот Еди Рама, нови избори и формирање преодна влада.
View this post on Instagram
За време на протестот во Тирана, демонстрантите искорнале метални огради, фрлале предмети кон Министерството за образование и искршиле неколку прозорци на зградата. Полицијата употребила воден топ, солзавец и бибер-спреј за да ја растера толпата, по што следувале приведувања. Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита, 13 лица побарале медицинска помош, меѓу кои демонстранти, новинари, полицајци и случајни минувачи.
Видео извор: Osman Stafa
