Македонија

(ВИДЕО) Тетово слави 35 години независна Македонија: Празнична манифестација вечерва на градскиот плоштад

Тетово вечерва со музика, танц и настапи на ученици и културни друштва ќе одбележи 35 години независност на Македонија.

(ВИДЕО) Тетово слави 35 години независна Македонија: Празнична манифестација вечерва на градскиот плоштад

Богата програма со ученици и културни друштва во Тетово

На Градскиот плоштад во Тетово вечерва, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи свечена манифестација по повод 35 години независност на Македонија. Во програмата ќе учествуваат ученици од основните училишта „Лирија“, „Гоце Делчев“, „Братство-Миѓени“, „Андреја Савески – Ќиќиш“, „Кирил и Методиј“ и „Коста Рацин“ од Брвеница. Дел од свеченоста ќе бидат и хорот „Крешендо“ и КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.

Песна, танц и порака за заедништво

Учесниците ќе се претстават со музички, танцови и рецитаторски точки, со што ќе придонесат за празнична и свечена атмосфера во Тетово. Настанот ќе го води актерката Наташа Петровска. Организаторите посочуваат дека детскиот глас, талент и творештво се симбол на надежта, единството и идните генерации. Тетовчани се поканети заедно и достоинствено да го одбележат 35-тиот роденден на татковината и да ја прослават историјата, слободата и иднината на Македонија.

ОЗНАКИ: ТЕТОВО