Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија: Двајца се борат за живот
Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во страшна сообраќајка на автопат во Словенија.

Автомобилот удрил во запрен камион
Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопат во Словенија. Несреќата се случила на автопатот меѓу Унац и Равбаркоманда, во правец кон Копер. Во патничкото возило имало пет лица, сите македонски државјани. Според првичните информации, камион запрел во лентата за запирање поради дефект, по што автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
Едниот повреден пренесен со хеликоптер во Словенија
На местото веднаш пристигнале полициски екипи и пожарникари, а лекар констатирал смрт на три лица. Едниот од повредените бил пренесен во болница со хеликоптер, додека другиот, меѓу кој и возачот на автомобилот, бил транспортиран со амбулантно возило. Автопатот во правец кон Копер е затворен, а полицијата работи на расчистување на сообраќајот и на утврдување на околностите за несреќата. Истрагата е во тек, а на местото се испратени и државниот обвинител и истражниот судија.
View this post on Instagram
