Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА ВО БЕЛГРАД: Украинскиот претседател за првпат во Србија, на средба со Вучиќ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Србија, во својата прва посета на земјата. Посетата на Белград се случува во период кога Србија постепено ги намалува некогаш блиските врски со Русија. Србија не им се приклучи на санкциите против Москва, но ја осуди војната во Украина. Српскиот претседател Александар Вучиќ продолжува со политиката на геополитичко балансирање, додека земјата и натаму зависи од увозот на руски гас.
View this post on Instagram
Во последните години е намалено и руското економско влијание во Србија. Претседателот на Иницијативата „Пупин“, Вук Велебит, оцени дека посетата е потврда дека односите меѓу Србија и Украина влегле во нова фаза. Според него, надворешната политика на Србија постепено се усогласува со Западот.
