Свет

УАПСЕНА ПОРАНЕШНАТА ТУРСКА МИНИСТЕРКА: Фатма Бетул Сајан Каја осомничена за врски со криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во истрага за сомневања за незаконски трансакции со акции и членство во криминална организација.

УАПСЕНА ПОРАНЕШНАТА ТУРСКА МИНИСТЕРКА: Фатма Бетул Сајан Каја осомничена за врски со криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација. Информацијата ја објави обвинителството во Истанбул, а ја пренесе агенцијата „Анадолу“. Според истражителите, Каја располагала со информации што можеле да влијаат врз цената на акциите на компанијата „Озата Денизчилик“.

Фатма купила и продала акции пред ликвидација на средствата

Според документите на обвинителството, поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година, а ги продала на 16 септември, ден пред одлуката за ликвидација на средствата. Истражителите се сомневаат дека таа однапред знаела за претстојната ликвидација и дека ги продала акциите на компанијата „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена.

Двајца поранешни функционери под судски надзор

Во рамките на истата истрага, поранешниот претседател на Одборот за пазари на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја биле ослободени со изречени мерки на судски надзор. Мерките вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.

ОЗНАКИ: Труција
Жан Митрев