Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) СКОПЈЕ НА НОЗЕ ЗА БИЛЈАНА: Со протестот „Ниту една повеќе“ се бара правда и одговорност
Граѓани протестираа во Скопје по смртта на 17-годишната Билјана Кириќ, барајќи правда, институционална одговорност и заштита од насилство врз жените.

Протест против фемицидите и институционалната неодговорност се одржа денеска во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Граѓаните се собраа по смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, барајќи правда, целосна истрага и утврдување одговорност за постапувањето на институциите пред нејзината смрт. „Жена, живот, слобода!“ и „Ниту една повеќе!“ беа пораките што одекнаа на протестот организиран од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“.
Бараат заштита за жените и одговорност од институциите
Учесниците побараа навремена и ефикасна заштита за жените и девојките кои пријавуваат насилство, како и разрешување на носителите на јавни и раководни функции кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. Од иницијативата порачаа дека убиствата на жени не смеат да се третираат како изолирани трагедии или да се оправдуваат со партнерските односи.

„Ниту една повеќе“ порачаа дека протестот е граѓански
Организаторите нагласија дека протестот е граѓански и дека политичките партии треба да ги искористат институционалните механизми за исполнување на барањата. Тие посочија дека собирот не е простор за партиска промоција, политички знамиња и настапи на партиски претставници.

