Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ВЕРА И ПРАВОСЛАВИЕ НА ТРИБИНИТЕ: Навивачите на АПОЕЛ со огромен транспарент за Архангел Михаил

Навивачите на кипарскиот фудбалски клуб АПОЕЛ од Никозија приредија впечатлива кореографија со огромен транспарент во чест на Свети Архангел Михаил. Транспарентот беше истакнат на јужната трибина на стадионот ГСП, за време на натпреварот против Арис Лимасол. Со оваа посвета, навивачите го одбележаа празникот Собор на Свети Архангел Михаил и другите небесни сили, кој православните верници го празнуваат на 8 ноември.
Интересно е што истиот датум има и посебно значење за клубот, кој годинава одбележува 100 години од своето основање, на 8 ноември 1926 година. Покрај ликот на Архангел Михаил, беше истакнат и дополнителен транспарент со стиховите „Свети бои на татковината, предводник на борбите“. Со оваа кореографија навивачите споија вера, традиција и стогодишна клупска историја.
View this post on Instagram
Видео извор: Твитер профил на orthodox_33ad

