Македонија

(ВИДЕО) „ДОСТА Е ОД ГОЛГОТАТА НА ГРАЃАНИТЕ“: Митовски бара итна интервенција, над 1.000 грла добиток се движат слободно низ Крива Паланка

(ВИДЕО) „ДОСТА Е ОД ГОЛГОТАТА НА ГРАЃАНИТЕ“: Митовски бара итна интервенција, над 1.000 грла добиток се движат слободно низ Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба во општината поради неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток. Според него, животните предизвикуваат штети на имотите, земјоделските површини и јавните простори, а ја загрозуваат и безбедноста во сообраќајот. Митовски посочи дека досегашните институционални реакции не донеле трајно решение и побара специјализирани возила, стручни екипи, финансиски средства и простор за згрижување на животните.

Тој информираше дека од јануари 2022 година до надлежните институции биле доставени стотици пријави и иницијативи, а документирани биле материјални штети и повреди на граѓани. Дополнително, посочи дека решенијата за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Градоначалникот побара и информации за здравствената состојба на добитокот, ветеринарните прегледи и можните епидемиолошки ризици. „Доста е од голготата на граѓаните. Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на овој долгогодишен проблем“, порача Митовски.

Погледнете дел од прес-конференцијата каде Митовски бара итна интервенција заради 1.000 грла добиток низ општината:

Жан Митрев