Македонија

МАКЕДОНИЈА ОТВОРА АМБАСАДА ВО ЛИТВАНИЈА: Муцунски во работна посета на Вилнус

Тимчо Муцунски ќе ја отвори македонската амбасада во Вилнус и ќе разговара со литванскиот министер за економска соработка и евроинтеграциите.

МАКЕДОНИЈА ОТВОРА АМБАСАДА ВО ЛИТВАНИЈА: Муцунски во работна посета на Вилнус

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што ќе биде отворена новата македонска амбасада во главниот град Вилнус. Од Министерството оценуваат дека отворањето претставува значаен чекор за зајакнување на дипломатското присуство на Македонија и продлабочување на односите со Литванија и поширокиот Балтички регион. За време на посетата, Муцунски ќе оствари и билатерална средба со литванскиот министер за надворешни работи, Кештудис Будрис.

Економска соработка и евроинтеграции во фокусот

На средбата се очекува да се разговара за унапредување на политичкиот дијалог, интензивирање на економската соработка и поддршката за евроинтегративните процеси на Македонија. Двајцата министри ќе разменат мислења и за актуелните безбедносни предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

Литванија ќе претседава со Советот на ЕУ во 2027 година

Посетата се реализира во пресрет на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година. Овој период се оценува како значаен за политиката на проширување и европската интеграција, поради што односите со Вилнус добиваат дополнителна дипломатска важност.

ОЗНАКИ: Литванија
Жан Митрев