Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА МАКЕДОНСКА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС: Ново поглавје во односите со Литванија

Македонија ја отвори првата резидентна Амбасада во Литванија. Муцунски во Вилнус разговараше за евроинтеграциите и билатералната соработка.

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА МАКЕДОНСКА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС: Ново поглавје во односите со Литванија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја отвори првата резидентна Амбасада на Македонија во литванската престолнина Вилнус, со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави. Во рамки на работната посета, Муцунски оствари билатерална средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис, на која разговарале за политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.

Поддршка од Литванија за евроинтеграциите

Посебен акцент на средбата бил ставен на европската интеграција на Македонија и надминувањето на пречките во пристапниот процес. Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Литванија и ја реафирмирал посветеноста на Владата на реформската агенда и изнаоѓањето заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед. Тој нагласил дека новата амбасада ќе овозможи продлабочување на политичките, економските и институционалните врски, но и поголема соработка во образованието, културата и технологијата.

Муцунски се заблагодари за помошта по трагедијата во Кочани

На отворањето, министерот потсети на солидарноста што Литванија ја покажала по трагичниот пожар во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти биле примени на лекување во Вилнус и Каунас. „Македонскиот народ нема да го заборави тоа. Семејствата во Кочани нема да го заборават тоа. И јас нема да го заборавам тоа“, истакна Муцунски. Тој додаде дека амбасадата ќе биде мост меѓу Скопје и Вилнус и ќе создаде нови можности за поврзување на институциите, бизнис-заедниците и граѓаните на двете земји.

ОЗНАКИ: Литванија
Жан Митрев