Македонија

Претседателот на Советот на Чаир го предводи здружението кое се најде на египетската листа на терористички организации

Претседателот на Советот на Чаир го предводи здружението кое се најде на египетската листа на терористички организации

Според објавата на албанскиот медиум „Топ ченел“, Форумот на исламската младина во Македонија го предводи Мухамет Муртези, актуелен претседател на Советот на Општина Чаир и кадар на коалицијата ВЛЕН. Медиумот наведува дека здружението се нашло на листата на организации кои Египет ги прогласил за терористички, со одлука на Кривичниот суд во Каиро.

Муртези функцијата претседател на Советот на Чаир ја извршува во мандатот од 2025 до 2029 година. „Топ ченел“ објавува и дека тој преку социјалните мрежи упатувал поддршка за протестите во Албанија и ја критикувал владата на премиерот Еди Рама.

Според објавените информации, египетската одлука опфаќа 35 организации и 36 физички лица, а предвидува мерки со важност од пет години. Сепак, како што посочува и „360 степени“, засега нема официјална потврда дека организацијата наведена на египетската листа под арапскиот назив „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“ е истото правно лице како Форумот на исламската младина во Македонија.

Жан Митрев