Дознај прв
Во Косово уапсен германски државјанин кој превезувал 43 автоматски пушки

Косовската полиција приведе германски државјанин во близина на Гнилане, откако при проверка на неговиот автомобил биле пронајдени 43 парчиња автоматско долгоцевно оружје. Според информациите објавени од „Либертас“, оружјето било откриено при полициска контрола на возилото.
На приведениот му е одреден притвор во траење од 48 часа. Тој се сомничи за учество во организирана криминална група, како и за незаконски транспорт и трговија со оружје и експлозивни направи. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои оружјето се превезувало. Истрагата треба да утврди од каде потекнува запленетото оружје.

