Македонија

МАКЕДОНИЈА СО ПРОСЕК ОД 1,10 УБИСТВА НА 100.000 ЖИТЕЛИ: Црна Гора и Бугарија имаат повисока стапка во регионот

Македонија во 2024 година имала стапка од 1,10 убиства на 100.000 жители. Црна Гора и Бугарија се пред неа во регионот, покажуваат податоците на Евростат.

МАКЕДОНИЈА СО ПРОСЕК ОД 1,10 УБИСТВА НА 100.000 ЖИТЕЛИ: Црна Гора и Бугарија имаат повисока стапка во регионот

Македонија во 2024 година имала стапка од 1,10 убиства на 100.000 жители, според податоците на Евростат за убиства регистрирани од полицијата. Од земјите во регионот, највисока стапка има Црна Гора со 1,92, а потоа следува Бугарија со 1,23 убиства на 100.000 жители. Србија бележи 0,82, додека Грција има стапка од 0,78.

Литванија со највисока стапка во Европската Унија

Највисока стапка во Европската Унија има Литванија со 2,63 убиства на 100.000 жители. Следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. На спротивната страна е Луксембург, каде што се регистрирани 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

Во Македонија бележи намалување во споредба со 2014 година

И покрај високата стапка, Литванија во изминатата деценија бележи најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година. Намалување има и во Македонија, каде што стапката во 2014 година изнесувала 1,21 убиство на 100.000 жители, наспроти 1,10 во 2024 година.

 

Жан Митрев