Дознај прв
АМЕРИКАНСКИ ПРАТЕНИЦИ ВО МОСКВА: Виткоф и Кушнер на средба со Путин за Украина
Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва на средба со Путин, по разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби.

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да се придвижат мировните преговори за Украина. Посетата следува по дводневната рунда разговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби, а Вашингтон се надева дека ќе бидат направени нови чекори кон договор за прекин на војната.
Вашингтон бара вклучување на Европа во преговорите
Според најавите, американската страна од Москва ќе побара согласност за вклучување на европските претставници во идните преговори, како и нов предлог за европската безбедносна архитектура. Во меѓувреме, начелно е договорен план за голема размена на воени заробеници, што се смета за еден од конкретните резултати од досегашните разговори.
По Русија, американскиот тим заминува во Даблин
По средбата во Кремљ, Виткоф и Кушнер треба да заминат во Даблин на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изрази скептицизам околу можноста за напредок, но порача дека се надева на конкретни резултати до крајот на годината. „Би сакал Американците да пристигнат во Даблин со конкретни предлози. Дозволете ми да бидам скептичен, но можни се одредени поместувања“, изјави Зеленски.

