Македонија

ЈАПОНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА: 20 компании ќе ги испитуваат можностите за вложувања

Јапонска делегација од 20 компании ќе ја посети Македонија од 18 до 20 ноември за да ги испита можностите за инвестиции и деловна соработка.

ЈАПОНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА: 20 компании ќе ги испитуваат можностите за вложувања
photo - CNN

Јапонска деловна делегација составена од претставници на 20 компании ќе ја посети Северна Македонија од 18 до 20 ноември, со цел да ги испита можностите за инвестирање и воспоставување деловна соработка. Посетата ја организира JETRO – Јапонската организација за надворешна трговија, а според јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, ова е трета деловна мисија на организацијата во земјава. Компаниите доаѓаат од различни сектори, меѓу кои инфраструктурата, енергетиката, машинската индустрија, финансиите и логистиката.

Јапонски компании ќе имаат средби со Владата и домашниот бизнис-сектор

Повеќето од учесниците се меѓународно етаблирани компании со долгогодишно искуство во глобалното работење. „Сите учесници имаат силен интерес за испитување на деловните можности во овој регион“, истакнува Кавахара во интервју за „Економија и бизнис“. Во рамки на посетата се планирани средби со претставници на Владата, деловни разговори меѓу компаниите, како и прием во резиденцијата на јапонската амбасадорка, со цел да се идентификуваат можности за соработка и да се воспостават деловни контакти.

Коридорите 8 и 10 како стратешка предност

Според јапонската амбасадорка, Северна Македонија има стратешка предност поради географската положба во централниот дел на Западен Балкан и поврзаноста со Коридорите 8 и 10. Развојот на гасоводната, патната и железничката инфраструктура, според неа, може дополнително да ја зајакне улогата на земјава како регионален енергетски и логистички центар.

ОЗНАКИ: јапонија
Жан Митрев