Спорт

ЕМОТИВНО ЗБОГУВАЊЕ НА КЕРИК: „Секогаш ќе бидам горд што го водев Манчестер Јунајтед“

Мајкл Керик испрати емотивна порака до навивачите на Манчестер Јунајтед по заминувањето од клупата и назначувањето на Маурисио Покетино.

ЕМОТИВНО ЗБОГУВАЊЕ НА КЕРИК: „Секогаш ќе бидам горд што го водев Манчестер Јунајтед“
photo - Manchester United

Мајкл Керик се збогуваше со навивачите на Манчестер Јунајтед преку емотивно отворено писмо, по завршувањето на неговиот мандат на клупата на англискиот клуб. Неговото заминување следува по официјалното назначување на Маурисио Покетино, кој потпиша договор до јуни 2029 година. Керик, кој во два наврати го предводеше тимот од „Олд Трафорд“, им се заблагодари на навивачите за поддршката и во периодот кога резултатите не беа на посакуваното ниво.

Керик  – „Вие ми пруживте само љубов и поддршка“

Во писмото, поранешниот играч за врска истакна дека му била огромна привилегија да го води клубот во кој се вљубил уште пред многу години. „Малкумина имаат шанса да го доживеат тоа и бескрајно сум благодарен“, порача Керик, нагласувајќи дека Манчестер Јунајтед е клуб со единствена култура, вредности и историја. Тој посебно им се заблагодари на навивачите, кои, како што рече, му пружиле љубов и поддршка и покрај слабите резултати во последниот период.

Ќе остане верен поддржувач на клубот

Керик упати благодарност и до стручниот штаб, фудбалерите и сите луѓе кои работат зад сцената, истакнувајќи дека нивниот придонес е важен, иако често останува незабележан. Во завршницата на обраќањето порача дека Манчестер Јунајтед секогаш ќе има посебно место во неговиот живот и дека ќе продолжи да го поддржува клубот од трибините. „Отсега ќе бидам покрај вас, ќе набљудувам отстрана и ќе навивам за момците“, порача поранешниот менаџер.

Жан Митрев