Македонија
Дознај прв
ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ: Дожд попладне ќе зафати повеќе места низ Македонија
Прогноза за 16 ноември: Облачно време со дожд во повеќе делови од Македонија, температури до 16 степени и јужен ветер.

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува денеска, 16 ноември. Според прогнозата, наутро дожд ќе има најпрво во западните делови од земјата, додека попладне и кон крајот на денот врнежите ќе се прошират на повеќе места. Во одделни котлини можна е појава на магла, а дождот ќе биде со слаб до умерен интензитет. Температурите ќе се движат со минимални вредности од 6 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 16 степени.
Во Повардарието повремено засилен ветер
Ќе дува слаб до умерен ветер, а во Повардарието повремено ќе биде засилен од јужен правец. Облачноста ќе преовладува во поголем дел од земјата, со повремени сончеви периоди во некои региони.
Во Скопје повремени врнежи од дожд
Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

