Хроника

МАКЕДОНЕЦ (19) УАПСЕН ВО БЕЛГРАД ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО: Пукал во поранешен водач на „Гробари“

Деветнаесетгодишен Македонец е осомничен дека пукал во Ненад Алајбеговиќ, во Белград поранешен водач на навивачите на Партизан.

МАКЕДОНЕЦ (19) УАПСЕН ВО БЕЛГРАД ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО: Пукал во поранешен водач на „Гробари“

Деветнаесетгодишен македонски државјанин, идентификуван со иницијали А.А., е уапсен во Белград под сомнение за обид за убиство на Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачите на Партизан. Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград, осомничениот е задржан до 48 часа. Се сомничи дека на 8 јули 2025 година, на улицата „Народних хероја“, испукал неколку куршуми од пиштол кон Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило. Информацијата за идентитетот на оштетениот ја објави агенцијата „Танјуг“.

Се товари за две кривични дела

Деветнаесетгодишникот се товари за обид за убиство, како и за неовластено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. За случајот постапува Вишото јавно обвинителство во Белград, а осомничениот е задржан во законски предвидениот рок од 48 часа.

Нападот се случил во јули минатата година во Белград 

Според обвинителството, вооружениот напад се случил среде улица, додека Алајбеговиќ бил во својот автомобил. Засега не се соопштуваат детали за мотивите за нападот, ниту дали во неговото планирање и извршување биле вклучени други лица. Постапката продолжува пред надлежните српски институции.

 

Жан Митрев