Македонија

ДУИ: Албанскиот јазик целосно е изоставен, таблите биле само на македонски, без превод на албански јазик

ДУИ тврди дека новите сообраќајни табли на патот Демир Хисар – Сладуево се поставени само на македонски јазик и ја критикува ВЛЕН.

ДУИ: Албанскиот јазик целосно е изоставен, таблите биле само на македонски, без превод на албански јазик

Остри критики кон коалицијата ВЛЕН упатија од ДУИ, обвинувајќи ја дека не се грижи за почитувањето на албанскиот јазик дури и во институциите со кои раководат нејзини кадри. Како пример ја посочуваат ЈП „Македонијапат“, со која раководи Нуредин Фетаи, кадар на ВЛЕН. Според објавата на ДУИ, на 10 ноември 2026 година претпријатието објавило фотографии од поставување нови сообраќајни табли на регионалниот пат Р1305, Демир Хисар – Сладуево. Од партијата тврдат дека натписите на таблите биле само на македонски јазик, без превод на албански.

ДУИ: Албанскиот јазик целосно е изоставен

Од ДУИ оценуваат дека случајот е пример за, како што велат, недоследноста на ВЛЕН во однос на заштитата на правата на Албанците. Според нив, доколку коалицијата не успева да обезбеди почитување на албанскиот јазик во институциите со кои самата раководи, тешко може да се очекува да издејствува спроведување на Законот за употреба на јазиците од другите институции.

Остра порака до коалицискиот партнер во Владата

Во партиската реакција се користи и навредлив политички речник, при што ВЛЕН е обвинет за потчинетост кон ВМРО-ДПМНЕ и недостиг на политичка храброст за заштита на јазичните права. ДУИ ја завршува објавата со пораката „Вазал хесапи“, алудирајќи на, според нив, односот на ВЛЕН кон владејачкиот партнер.

ОЗНАКИ: ДУИ
Жан Митрев