Регион
Дознај прв
АЛБАНЕЦ УАПСЕН НА АЕРОДРОМОТ ВО ЗАГРЕБ: Осомничен за помагање во убиство поврзано со кавачкиот клан
Бојан Матановиќ (34) е уапсен на аеродромот во Загреб по потерница од Црна Гора. Осомничен е за помагање во убиството на Саша Кликовац.

Албанскиот државјанин Бојан Матановиќ (34), кого полицијата го поврзува со шкаљарскиот клан, бил уапсен на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб по меѓународна потерница распишана од Црна Гора. Тој бил приведен во петокот, за време на гранична контрола, непосредно пред да се качи на авион за Белград. При проверката на пасошот, полицискиот систем покажал дека по него е распишана црвена потерница на Интерпол.
Осомничен за помагање по убиството на Саша Кликовац
Матановиќ е осомничен дека му помагал на лицето кое го убило Саша Кликовац, наводен припадник на кавачкиот клан. По апсењето не пружал отпор, а судот во Велика Горица му одредил екстрадициски притвор со цел негово испорачување во Црна Гора. Црногорските власти распишале потерница по него во јули годинава.
Подолго време живеел во Загреб
Според хрватските медиуми, Матановиќ подолго време живеел во Хрватска, каде што имал работна дозвола чија важност истекла. Саша Кликовац беше убиен пред шест години, кога напаѓач испукал повеќе куршуми во него додека влегувал во автомобил пред ресторан во близина на Подгорица.

