Македонија

ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА НОВА АПЛИКАЦИЈА: Граѓаните ќе можат да проверат дали имаат сообраќаен прекршок и да ги видат доказите

ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА НОВА АПЛИКАЦИЈА: Граѓаните ќе можат да проверат дали имаат сообраќаен прекршок и да ги видат доказите

Граѓаните од следната недела ќе можат преку мобилна апликација да проверат дали имаат евидентиран сообраќаен прекршок, каде е направен и да ги видат доказите, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Апликацијата веќе е функционална за странските државјани, а наскоро ќе биде достапна и за домашните корисници. Точниот датум на нејзиното пуштање во употреба дополнително ќе биде соопштен.

(ВИДЕО) ТОШКОВСКИ НАЈАВИ: До февруари системот Сејф Сити ќе функционира низ цела Македонија

Според Тошковски, новата дигитална алатка ќе ја олесни комуникацијата со институциите и постапувањето при изречени санкции. Министерот најави и проширување на проектот „Безбеден град“, кој во првата половина на декември треба да започне да функционира и во СВР Струмица. Потоа системот ќе биде воведен во СВР Штип, најдоцна до јануари, и во СВР Битола, со цел процесот да заврши до крајот на февруари. Тошковски информираше дека бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици е намален за 35 проценти.

Жан Митрев