Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) BLACK FRIDAY ВО СКОПЈЕ: Зголемена фреквенција во трговскиге, дел од жителите се сомневаат во попустите

Денеска е Black Friday, а трговските центри во Скопје бележат зголемена фреквенција на посетители во однос на вообичаените денови. Екипата на 24chasa.mk напладне, околу 12 часот, го посети трговскиот центар East Gate, каде забележа поголема раздвиженост, но без преголеми гужви. Сепак, додека едни ги користат акциските понуди за купување, дел од потрошувачите реагираат дека попустите се фиктивни.
View this post on Instagram
Таков пример беше реакцијата за продавницата „Сетек“, каде граѓанин објави дека наместо поевтинување, цените на одредени лаптопи биле зголемени за 2.000 денари.
Останува прашањето колку од понудените попусти навистина носат заштеда за потрошувачите. Што мислите вие, дали попустите се реални или далеку од тоа?

