Македонија

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ: Само полнолетни лица смеат да ги возат, задолжителен е и шлем

Од 14 јули електрични тротинети смеат да возат само лица над 18 години. Задолжителен е шлем, а за прекршоци следуваат казни и одземање.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ: Само полнолетни лица смеат да ги возат, задолжителен е и шлем

Од денеска, 14 јули, стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење електрични тротинети. Според новите одредби, електричен тротинет може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната минимална возраст од 14 години.

Ограничена брзина и задолжително симнување на пешачки премин

На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина изнесува 20 километри на час, додека на тротоарите, пешачките и мешаните патеки ограничувањето останува шест километри на час. При преминување преку коловоз или пешачки премин каде што нема велосипедска патека или лента, возачот мора да се симне од тротинетот и да го турка. Забрането е и превезување друго лице, а доколку правилото биде прекршено, казни се предвидени и за возачот и за патникот.

Задолжителен шлем и одземање на тротинетот

Заштитниот шлем отсега е задолжителен за сите возачи, додека при ноќно возење или намалена видливост останува обврската за носење рефлектирачки елек. Покрај паричните казни, за одредени прекршоци е предвидено и привремено одземање на електричниот тротинет во период од 30 дена. Доколку прекршокот го направи дете, одговорноста ќе ја сносат неговите родители или старатели.