Спорт

ШТЕТА: Вардар успеа да победи во Финска, но КуПС оди понатаму

Вардар победи со 2:3 во Финска, но КуПС го доби двомечот со 4:3. со головите во Скопје, Вардар се збогува со Лигата на Шампионите

ШТЕТА: Вардар успеа да победи во Финска, но КуПС оди понатаму

Вардар беше на чекор до големо европско чудо, но не успеа да ја доврши „невозможната“ мисија во Финска. „Црвено-црните“ по регуларните 90 минути водеа со 0:2 против КуПС и ја анулираа негативата од првиот натпревар во Скопје.

КуПС се врати во продолженијата

Финскиот состав успеа да постигне гол во продолженијата и да го намали резултатот на 1:2, со што повторно ја врати предноста во вкупниот резултат. Вардар продолжи да се бори и повторно го израмни двомечот.

Голема шанса пристигна во 105. минута, кога беше досуден пенал за финскиот шампион. Сепак, Паржишек успеа да го реализира ударот од белата точка и го направија резултатот 2:3

Храбра партија без посакуваниот крај

Вардар одигра храбар натпревар и во регуларниот дел успеа целосно да ја надополни негативата од 0:2. Сепак, погодокот на КуПС во продолженијата и погодениот пенал ги спречија „црвено-црните“ да обезбедат пласман во следната фаза.

Натпреварот заврши со победа на Вардар од 2:3, но КуПС го доби двомечот со вкупни 4:3. Македонскиот шампион ја напушта Лигата на Шампионите по голема борба и настап со кој беше блиску до сензационален пресврт.

Жан Митрев