Македонија

УШТЕ 300 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ РАБОТА: Приоритет ќе имаат болниците надвор од Скопје

Владата го продолжува вработувањето на уште 300 специјализанти, со приоритет за болниците надвор од Скопје и дефицитарните медицински профили.

УШТЕ 300 СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ РАБОТА: Приоритет ќе имаат болниците надвор од Скопје

Владата донела одлука да продолжи процесот за вработување на уште 300 специјализанти во јавното здравство. Станува збор за втората половина од вкупно 600 специјализанти опфатени со владина одлука од 2024 година. Првите 300 веќе биле вработени, додека останатите поради застој останале надвор од проектот.

Приоритет за болниците надвор од Скопје

Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека апсолутен приоритет ќе имаат општите и клиничките болници надвор од главниот град. Предност ќе добијат и специјализациите во областите во кои има најголем недостиг од кадар. Целта е да се подобри достапноста до лекари специјалисти и да се зајакнат јавните здравствени установи во внатрешноста на државата.

Ќе биде обновен повикот за интерес

Министерството планира повторно да го објави повикот за изразување интерес, бидејќи од првичното пријавување поминал подолг период. Според информациите на Министерството, околу 30 од преостанатите 300 специјализанти во меѓувреме веќе се вработиле по редовен пат. Процесот за вработување на новите специјализанти треба да биде завршен до крајот на 2026 година.

Жан Митрев