Магазин
Дознај прв
МУРАЛ ЗА ПАНЧО НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН: Пријатели и соседи му оддадоа почит во Аеродром

На денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден, пред зградата во која живееше во скопската населба Аеродром беше откриен мурал со неговиот лик. На настанот се собраа негови пријатели, соседи и почитувачи, кои преку маалска дружба и музика му оддадоа почит на еден од најомилените македонски музичари. Присутните се потсетија на убавите заеднички моменти со Панчо и на трагата што ја остави зад себе. Фотографии од откривањето на муралот објави издавачката куќа „Шур шотс“, чиј соосновач беше и Панчо. Оттаму им се заблагодарија на момците од Аеродром за иницијативата и изработката на муралот. Од „Шур шотс“ изразија надеж дека оваа собиранка во чест на Панчо ќе прерасне во традиција. Муралот ќе остане како траен спомен на неговиот лик, музика и дело.
