Регион

НЕ СЕ КАЕ ЗА СКАНДАЛОТ ВО МЕЃУГОРЈЕ: Полјакот признал дека ги осквернавил статуите и го запалил олтарот

Полскиот државјанин признал дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил олтарот во Меѓугорје, но изјавил дека повторно би го направил истото.

НЕ СЕ КАЕ ЗА СКАНДАЛОТ ВО МЕЃУГОРЈЕ: Полјакот признал дека ги осквернавил статуите и го запалил олтарот

Полскиот државјанин Бартломјеј Влодзимјеж Краковјак пред Судот на Босна и Херцеговина признал дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје. Обвинителството побарало да му биде определен притвор поради опасност од бегство и можност повторно да го изврши делото. Според неговата адвокатка, Краковјак тврдел дека со постапката сакал да го привлече вниманието на јавноста и да го изрази својот став за случувањата во Меѓугорје.

Не покажал каење за стореното

Осомничениот, според објавените информации, не покажал каење и изјавил дека повторно би го направил истото. Неговата адвокатка нагласила дека тој ги признал дејствијата, но и понатаму останува на своите убедувања. Обвинителството смета дека инцидентот не бил импулсивен, туку бил внимателно планиран во текот на неколку месеци.

Со црна боја ги оштетил статуите

Тој е осомничен дека во текот на ноќта со црна боја ги оштетил статуите на Богородица на Подбрдо и кај Синиот крст и испишал навредливи пораки. Потоа, според обвинението, со запалива течност го полеал и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“. Краковјак бил уапсен во местото Церно кај Љубушки, а се товари за оштетување верски објекти, поттикнување верска омраза и нетрпеливост и нарушување на јавниот ред и мир.

ОЗНАКИ: Меѓугорје
Жан Митрев