Македонија

ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ОД ЈУГОЗАПАДОТ: Дел од терапијата за мултипла склероза ќе се прима во Битола

Дел од терапијата за мултипла склероза ќе се дава во Клиничката болница во Битола, со што пациентите нема да мора редовно да патуваат во Скопје.

ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ОД ЈУГОЗАПАДОТ: Дел од терапијата за мултипла склероза ќе се прима во Битола

Дел од терапијата за пациентите со мултипла склероза наскоро треба да биде децентрализиран и да се дава во Клиничката болница во Битола, најави министерот за здравство Сашо Клековски. Терапијата досега се примала во Скопје, поради што пациентите од Битола и околниот регион морале редовно да патуваат. Клековски посочи дека секое такво патување претставува дополнителен напор за оваа категорија пациенти.

Лекари од Онкологија веќе доаѓаат во Битола

Клиничката болница во Битола веќе воспоставила соработка со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Наместо пациентите со малигни заболувања да патуваат во Скопје за третмани, прегледи и контроли, лекари од Клиниката доаѓаат во Битола најмалку еднаш неделно. Болницата договорила соработка и со лекар од Клиниката за педијатрија за децата со атипичен развој.

Нова опрема и дополнително доекипирање

Во Клиничката болница во изминатиот период биле реализирани 82 вработувања, додека десет лекари се на приватна специјализација. Во установата бил ставен во употреба и современ дигитален рендген-апарат наменет за потребите на поширокиот регион. Клековски нагласи дека регионализацијата на здравството мора да биде проследена со конкретни услуги, кадар и опрема, а не да остане само формална определба.