Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХРВАТСКА ГО ПРОСЛАВУВААТ ИЛИНДЕН
Македонците кои живеат во Хрватска го одбележуваат Илинден – еден од најголемите македонски национални и верски празници.

Македонците кои живеат во Хрватска го одбележуваат Илинден – еден од најголемите македонски национални и верски празници. По тој повод, хрватската ТВ Нова подготви прилог со наслов „Илинден 1903–2026“, посветен на значењето на празникот и неговото историско наследство. Во фокусот е Илинденското востание од 1903 година, кое останува вечен симбол на македонската борба за слобода и државност. Македонската заедница во Хрватска и далеку од татковината ја негува традицијата и го чува споменот на илинденците. Одбележувањето е можност и хрватската јавност подобро да се запознае со македонската историја, култура и национален идентитет. И по 123 години, идеалите на Илинден продолжуваат да ги обединуваат Македонците насекаде низ светот. Вечен нека е Илинден!
