Магазин
Дознај прв
НАД 200 ПОВИЦИ ДНЕВНО ПОРАДИ ЖЕШТИНИТЕ: Без поголема потреба да не се излегува од 11 до 17 часот
Итната помош добива над 200 повици дневно поради високите температури. Граѓаните се советуваат без поголема потреба да не излегуваат од 11 до 17 часот.

Најмногу помош бараат повозрасните и хронично болните
Итната медицинска помош добива повеќе од 200 повици дневно поради високите температури, а најголем дел од граѓаните кои бараат помош се постари од 70 години. Здравствени проблеми почесто пријавуваат и помлади лица со претходни дијагнози и хронични состојби. Од Итната помош апелираат без поголема потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, особено во периодот од 11 до 17 часот. Лицата кои мора да престојуваат надвор треба редовно да пијат вода, да носат лесна облека и да ја заштитат главата и кожата од директното сонце.
Особено да внимаваат децата, трудниците и работниците на отворено
Институтот за јавно здравје предупредува дека посебно внимателни треба да бидат лицата над 60 години, бремените жени, децата, хронично болните и работниците изложени на сонце. Се препорачува внесување доволно течности и полесна храна, како и почести паузи под сенка при неопходен престој на отворено. Надлежните предупредуваат никогаш да не се остава човек во целосно затворено и паркирано возило, бидејќи температурата во него брзо се зголемува. При каква било промена на здравствената состојба треба да се контактира матичен лекар, а терапија да не се зема самоиницијативно.
