Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ОХРИД ПЕЕШЕ СО „ДУПЕР“: Античкиот театар исполнет до последното место

Групата „Дупер“ приреди незаборавна музичка вечер во преполниот Антички театар во Охрид. Публиката во еден глас ги пееше нивните најголеми хитови, создавајќи атмосфера за паметење. Од првиот до последниот такт, посетителите уживаа во музиката и енергијата на популарниот македонски бенд. Античкиот театар беше исполнет до последното место, а Охрид уште еднаш потврди дека е центар на летните музички случувања.
