Македонија

(ВИДЕО) ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА „ВИСТИНСКА ПАРАДА НА ГОРДОСТА“: Маршот се одржува по шести пат

(ВИДЕО) ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА „ВИСТИНСКА ПАРАДА НА ГОРДОСТА“: Маршот се одржува по шести пат

Во Битола вечерва се одржа традиционалниот марш „Вистинска парада на гордоста“, кој според организаторите е контра марш на Парадата на гордоста што се одржа попладнево во Скопје. Според Игор Петковски, претставник на организаторот, секој има право на свое мислење, без навредување и ширење омраза.

Маршот се одржува по шести пат

Петковски изјави дека маршот се одржува по шести пат и дека учесниците сакаат да ги истакнат начелата од кои се водени. Тој посочи дека, според нив, гордоста треба да се поврзува со домот, семејството, родителството и децата.

Од „Магнолија“ до Офицерски дом

Организаторите порачаа дека не шират омраза, никого не навредуваат и дека на овој начин го искажуваат своето право на мислење. Маршот започна од плоштадот „Магнолија“, продолжи по Широк сокак и заврши пред битолскиот Офицерски дом.