Македонија

САМО ЕДЕН АКТИВЕН ПОЖАР ВО МАКЕДОНИЈА: Под контрола пожарите во Делчево и Гостиварско

До 7:30 часот се регистрирани 23 пожари – активен е само пожарот кај Грешница во Македонски Брод, два се под контрола, а 20 се изгаснати.

САМО ЕДЕН АКТИВЕН ПОЖАР ВО МАКЕДОНИЈА: Под контрола пожарите во Делчево и Гостиварско

Активен е пожарот кај Грешница

До 7:30 часот утрово на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, само еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Стојанова Населба кај селото Грешница, во Општина Македонски Брод. Таму огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Изгаснати 20 пожари низ државата

Под контрола се пожарот на депонијата во Делчево и пожарот кај гостиварското село Паталишта, каде гореле ниска вегетација и нискостеблеста шума. Во меѓувреме, пожарникарите целосно изгаснале 20 пожари на повеќе локации низ државата. Меѓу нив се пожари кај Босилово, Валандово, Богданци, Гостивар, Гази Баба, Штип, Струга, Куманово, Тетово и други општини. ЦУК продолжува да ја следи состојбата со активниот пожар во Македонски Брод.

ОЗНАКИ: пожар