Свет

ЗЕЛЕНСКИ ГИ ОТПОВИКА АМБАСАДОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ХРВАТСКА И ЦРНА ГОРА: Не се наведени причините за смените

Володимир Зеленски ги отповика украинските амбасадори во Албанија, Хрватска и Црна Гора. Причините за кадровските промени не се наведени.

ЗЕЛЕНСКИ ГИ ОТПОВИКА АМБАСАДОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ХРВАТСКА И ЦРНА ГОРА: Не се наведени причините за смените

Тројца амбасадори разрешени со претседателски укази

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповика амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските укази објавени вчера. Од функцијата амбасадор во Албанија е разрешен Володимир Шкуров, кој ја извршуваше должноста од април 2020 година. Отповикани се и Васил Кирилич, досегашниот украински амбасадор во Хрватска, како и Олех Херасименко, кој ја предводеше дипломатската мисија во Црна Гора. Во објавените укази не се наведени причините за кадровските промени, а засега не се именувани нивни наследници.

Поширока дипломатска ротација на Украина

Со посебен указ Зеленски го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук, што укажува на поширока ротација во украинската дипломатска мрежа. Промените следуваат по неодамнешното разрешување на украинската амбасадорка во САД, Олха Стефанишина. Според објавените информации, неколку дена подоцна Стефанишина била ставена под истрага од украинскиот Врховен антикорупциски суд, со определена кауција. Засега Киев нема објавено кога ќе бидат назначени новите амбасадори во трите балкански земји.