Македонија

ПУШТЕНА НОВА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ ЕЛБАСАН–ЌАФАСАН: До албанско-македонската граница ќе се стигнува многу побрзо

Пуштена е нова делница од патот Елбасан–Ќафасан, а по завршувањето на целиот проект патувањето до албанско-македонската граница ќе трае околу 30 минути.

ПУШТЕНА НОВА ДЕЛНИЦА ОД ПАТОТ ЕЛБАСАН–ЌАФАСАН: До албанско-македонската граница ќе се стигнува многу побрзо

Отворен сегмент меѓу Лабинот-Фуш и Мирак

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена во сообраќај уште една делница од патот Елбасан–Ќафасан, кој води кон албанско-македонската граница кај Струга. Станува збор за сегментот од селото Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, кој е втора делница од проектот што може да се користи. Првата делница беше отворена за сообраќај во јуни 2024 година. Според Рама, новиот сегмент ќе придонесе за побезбеден сообраќај, пократко време на патување и полесен транспорт на патници и стоки.

Елбасан–Ќафасан за околу 30 минути

Целата делница Ќафасан–Елбасан е долга 50,12 километри и е дел од Коридорот 8. Патот се гради според современи стандарди, со по две коловозни ленти во секоја насока, централен разделен појас, мостови, тунели и заштитни објекти покрај реката Шкумбин. По целосното завршување ќе биде дозволена брзина до 110 километри на час, а патувањето меѓу Елбасан и Ќафасан треба да се скрати на околу 30 минути, наспроти повеќе од час и половина досега. Коридорот 8 треба дополнително да ја подобри транспортната поврзаност меѓу Албанија, Македонија и Бугарија.