Македонија

Битолскиот Камерен оркестар ќе одржи концерт на Големо Езеро

Битолскиот Камерен оркестар на 14 август ќе одржи концерт на Големо Езеро на Пелистер, во уникатен природен амбиент и без озвучување.

Битолскиот Камерен оркестар ќе одржи концерт на Големо Езеро

На Големо Езеро ќе одекне класична музика

Битолскиот Камерен оркестар на 14 август ќе одржи целовечерен концерт на Големо Езеро на Пелистер, на надморска височина од 2.218 метри. Концертот се реализира со поддршка на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, а на сцената ќе настапат 12 членови на оркестарот. Репертоарот ќе биде составен од класични композиции инспирирани од ѕвездите, Персеидите и уникатниот природен амбиент.

Концерт без озвучување во природен амбиент

Изборот на датумот се совпаѓа со периодот на Персеидите, метеорскиот дожд кој секоја година се појавува во август. Посебна атракција е тоа што концертот ќе се одржи без озвучување, со цел посетителите целосно да ја доживеат музиката и природната акустика на Големо Езеро. Од Националниот парк посочуваат дека настанот претставува начин за промоција на природното богатство преку културата, иако организацијата и логистиката на ваков настан на 2.218 метри претставуваат голем предизвик.