Регион
Дознај прв
ЕВРОВИЗИЈА 2027 ВО БУРГАС: Само 17 слободни сместувања, цените достигнуваат и 1.000 евра за ноќ
Евровизија 2027 ќе се одржи во Бургас, но интересот е огромен – на Booking има само 17 слободни сместувања, со цени до 1.000 евра за ноќ.

Бургас ќе биде домаќин на Евровизија
Бугарскиот црноморски град Бургас ќе биде домаќин на Евровизија 2027, што веднаш предизвика огромен интерес кај фановите од цела Европа. На Booking моментално се достапни само 17 сместувања за периодот на натпреварувањето, додека слична е ситуацијата и на Airbnb. Цените за ноќевање, според достапните понуди, се движат од 500 до 1.000 евра, што веќе предизвикува реакции кај оние кои планираат да патуваат. Натпреварувањето ќе се одржи во мај 2027 година, а Бургас се очекува да биде преплавен со илјадници посетители.
Познати и датумите на натпреварите
Полуфиналињата се закажани за 11 и 13 мај 2027 година, додека големото финале ќе се одржи на 15 мај. Центар на музичкиот спектакл ќе биде Арена Бургас, каде што ќе настапат претставници од европските земји пред илјадници гледачи. ЕБУ го избра Бургас пред Софија, меѓу другото поради сместувачките капацитети, потенцијалот на арената и плановите за организација на натпреварувањето. Ограничената понуда на сместување уште сега отвора прашање дали градот ќе може да одговори на огромниот интерес што се очекува следната година.
