Спорт
Дознај прв
РЕНЏЕРИ СПАСИЈА МАЛА СРНА НА ПЕЛИСТЕР: Била нападната од бездомно куче, па вратена кај мајката

Брза интервенција на терен
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ спасија мала срна која била нападната од бездомно куче.
Интервенцијата била изведена во брза и координирана акција на терен, со што било спречено животното да биде дополнително повредено.
Како што информира директорот Иванчо Тошевски, во спасувањето учествувале раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини.
Срната повторно споена со мајката
По спасувањето, ренџерите внимателно пристапиле кон следниот чекор – пронаоѓање на мајката на малата срна.
Тие емитувале звуци со цел да ја повикаат и лоцираат мајката, без да го вознемират животното и околината.
Акцијата завршила успешно, откако малата срна повторно била споена со нејзината мајка.
Овој настан е поздравен како пример за посветеност, хуманост и професионална реакција на службите кои се грижат за заштита на дивиот свет.
Од Националниот парк „Пелистер“ уште еднаш се испраќа порака дека природата и животните мора да се чуваат со внимание и одговорност.
