Скопје
Дознај прв
ВАНДАЛИЗАМ НА ПЛОШТАДОТ ВО ИЛИНДЕН: Девојче снимано како се обидува да уништи дрво

До редакцијата на 24часа утрово беше испратено видео од плоштадот во Општина Илинден, на кое се гледа младо девојче како се обидува да искорне дрво.
Според информациите што ги добивме, снимката е направена утрово, а на неа се забележува обид за уништување јавно зеленило во центарот на општината.
Станува збор за јавна површина која ја користат граѓаните, а ваквото однесување предизвикува реакции и загриженост.
Апел за поголема грижа за јавниот простор
Граѓаните апелираат да се обрне поголемо внимание на ваквите појави и да се чува јавниот простор.
Плоштадите, парковите и зелените површини се места кои им припаѓаат на сите и треба да се третираат со одговорност.
Овој случај доаѓа само два дена по вандализмот во Аеродром, каде малолетници беа снимени како уништуваат урбана опрема.
Веднаш потоа сличен инцидент беше забележан и во Капиштец, што дополнително ја отвора темата за односот кон јавните добра.
Погледнете го видеото што беше испратено до нашата редакција.
