Магазин
Дознај прв
ФРАНЦИЈА ЈА СТОПИРА ЗАБРАНАТА ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 15 ГОДИНИ
Францускиот Уставен совет ја блокираше забраната за социјални мрежи за деца под 15 години поради проблеми со проверката на возраста и приватноста.

Уставниот совет ја стопира мерката
Франција нема да ја воведе најавената забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години, откако Уставниот совет го блокираше законот усвоен од парламентот. Мерката требаше да стапи во сила од 1 септември и да спречи отворање нови профили за деца под 15 години, како и постепено да ги затвори постојните. Законот беше усвоен во јули со 279 гласа „за“ и 81 „против“.
Проблемот била проверката на возраста
Уставниот совет не оценил дека границата од 15 години сама по себе е неуставна, туку проблемот го видел во начинот на кој требало да се спроведува забраната. За платформите да утврдат кој е помлад од 15 години, практично би требало да се проверува возраста на сите корисници, што отвора сериозни прашања за приватноста и слободата на изразување. Претседателот Емануел Макрон сепак не се откажува од идејата и побара да се подготви нов предлог со посилни правни гаранции. Франција сака да најде модел со кој ќе ги заштити децата на интернет, без да се нарушат правата на останатите корисници.
