Спорт

(ВИДЕО) ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ВАРДАР: И со пенал не успеа до бод против Струга, навивачите бараат оставки

(ВИДЕО) ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ВАРДАР: И со пенал не успеа до бод против Струга, навивачите бараат оставки

Продолжува кризата во ФК Вардар по новиот пораз, овојпат од Струга Трим Лум со 1-0 во дербито од третото коло во Првата лига. Христијан Малески во 61. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и ѝ донесе победа на Струга. Вардар во судиското продолжение доби голема шанса за израмнување, откако беше досуден пенал по игра со рака во шеснаесетникот.

Давид Бабунски ја презеде одговорноста, но во 96. минута шутираше високо над голот и не успеа да го реализира пеналот. Ова е втор последовен пораз за актуелниот шампион во првите три натпревари од сезоната.

Погледнете го промашениот пенал на Бабунски:

По неуспехот во летната сезона во Европа и поразот од Шкендија, новиот неуспех дополнително ја зголеми незадоволноста кај скопската публика, од каде што се бараат оставки од раководството на Вардар. Со ова, продолжува кризата во ФК Вардар, а се отвора и прашањето: Дали виси на конец местото на директорот Миленко Неделковски?