Македонија

МУЦУНСКИ ГО ПОВИКАЛ БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Бараме извинување и итна истрага од Бугарија за протечената нота

МУЦУНСКИ ГО ПОВИКАЛ БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Бараме извинување и итна истрага од Бугарија за протечената нота

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера го повикало бугарскиот амбасадор на разговор поради јавното протекување на дипломатска нота со информации за членови на семејството на премиерот Христијан Мицкоски.
Министерот Тимчо Муцунски информираше дека од бугарската страна не било добиено објаснување за дипломатскиот пропуст, ниту од амбасадорот, ниту од бугарското Министерство за надворешни работи.
Тој го оцени случајот како апсолутно неприфатлив начин на комуникација меѓу двете држави и побара извинување, брза реакција и темелна истрага од бугарските институции.

Муцунски: Безбедноста е на прво место

Муцунски нагласи дека кога станува збор за движење на членови на семејства на високи државни функционери, безбедноста мора да биде на прво место.
Според него, особено загрижува тоа што во јавноста биле откриени лични податоци поврзани со сопругата и малолетното дете на премиерот.
Тој потсети дека македонските институции брзо реагирале по инцидентот пред бугарската амбасада во Скопје, кога беа запалени два дипломатски автомобили.
Муцунски рече дека најмалку што се очекувало е ист таков проактивен пристап и од бугарска страна.
Тој додаде дека вакви документи не се објавуваат јавно дури ни меѓу држави кои имаат сериозни меѓусебни спорови, порачувајќи дека семејствата треба да бидат оставени надвор од политичките пресметки.