Хроника

ТРЕТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Шестмина пациенти се во критична состојба

ТРЕТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Шестмина пациенти се во критична состојба

Трет пациент во земјава починал од западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи се искачи на три. Станува збор за 61-годишен пациент кој имал и сериозни придружни заболувања и бил од едно од афектираните места. Досега лабораториски се потврдени 35 случаи на вирусот, додека уште три се суспектни и се дијагностицираат.

На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 16 пациенти, од кои шест се во критична состојба. Од Клиниката посочуваат дека најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма има 25 години, но е во стабилна состојба.

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека фокусот ќе биде ставен на таргетирано прскање од земја, а граѓаните се повикуваат на лична заштита од убоди од комарци и отстранување на застоена вода. Повеќе може да погледнете од неговата прес-конференција:

Познати се и симптомите.

ОТКРИЕНИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Првиот починат пациент е 83-годишен маж од Скопје