Магазин

ЗЕЛЕНСКИ УДРИ ПО „МАША И МЕДО“: Санкции за креаторите на популарниот руски цртан филм

Украина воведе санкции против пет лица и четири организации поврзани со „Маша и Медо“, обвинувајќи го серијалот за ширење проруско влијание.

ЗЕЛЕНСКИ УДРИ ПО „МАША И МЕДО“: Санкции за креаторите на популарниот руски цртан филм

Украина воведе мерки против креаторите на Маша и Медо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој се воведени санкции против руски државјани и организации поврзани со создавањето и дистрибуцијата на популарниот анимиран серијал „Маша и Медо“. Според украинските власти, санкциите опфаќаат пет лица и четири организации поврзани со проектот. Меѓу санкционираните се студиото „Анимакорд“, неговиот основач и директор, како и сценарист, режисер и продуцент поврзани со серијалот. Од Киев тврдат дека цртаниот филм содржи проруските наративи прикриени во детска содржина и дека тоа претставува закана за националната безбедност на Украина.

Серијалот со години е популарен и во Украина

Одлуката доаѓа откако украинските институции претходно изразуваа загриженост поради врските на серијалот со Русија и неговата популарност меѓу украинските деца. Украинските власти посочуваат дека студиото поврзано со серијалот продолжува да има финансиски врски со Русија и дека приходите од гледаноста придонесуваат во руската економија. „Маша и Медо“ е еден од најпознатите руски анимирани серијали во светот, а неговиот YouTube-канал има десетици милиони следбеници. Санкциите претставуваат дел од пошироките мерки на Украина против руски компании и лица за кои Киев смета дека придонесуваат кон руското влијание.