Свет

Американски воен „Глоубмастер“ слета во Москва, Кремљ вели дека нема информаци

Американски воен транспортен авион „Боинг Ц-17 Глоубмастер“ слета во Москва од Рига, а Кремљ соопшти дека нема информации за летот.

Американски воен „Глоубмастер“ слета во Москва, Кремљ вели дека нема информаци

Американски воен транспортен авион денеска слета на московскиот аеродром „Внуково“, покажуваат податоците од платформата за следење летови „Флајтрадар24“. Станува збор за голем авион „Боинг Ц-17 Глоубмастер“, кој во Москва пристигнал од Рига, Латвија. Авионот на 23 август пристигнал во Рига од воздухопловната база Кемп Спрингс во близина на Вашингтон.

Кремљ вели дека нема информации

Од Кремљ соопштиле дека немаат информации за причината поради која американскиот воен авион слетал во Москва. Станува збор за необичен лет во период кога односите меѓу Вашингтон и Москва се чувствителни поради војната во Украина и застојот во разговорите меѓу двете страни.

Последен директен лет во јануари

Последниот директен лет на американски авион од Европа до Русија се случи во јануари годинава, кога специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва на разговори за Украина. Кремљ минатата недела соопшти дека нема информации за нова посета на Виткоф и Кушнер, додека преговорите меѓу САД и Русија во голема мера се во застој поради војната во Иран.