Магазин

ПОРАНЕШНИОТ СТРУМИЧКИ ГРАДОНАЧАЛНИК СТАНА ТАТКО: Добредојде на свет, наш Никола!

ПОРАНЕШНИОТ СТРУМИЧКИ ГРАДОНАЧАЛНИК СТАНА ТАТКО: Добредојде на свет, наш Никола!

Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, денеска на Денот на независноста сподели радосна вест, тој и неговата сопруга Снежана добија син.

Малиот Никола се роди токму на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, што Костадинов го опиша како посебна симболика.

„Добредојде на свет, наш Никола! Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија. Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине!“, напиша Костадинов.

Во објавата тој упати честитка и по повод државниот празник: „Честит 8 Септември, Ден на независноста, Честит празник Македонијо!“

Костадинов воедно упати голема благодарност до тимот на поликлиника „Мартини“, предводен од д-р Никола Маџунков, за професионалноста, грижата и посветеноста во, како што наведува, најважните моменти за него и Снежана